Печен лосос со млада брокула и сос од инчуни и рузмарин

Состојки:

За сосот од инчуни и рузмарин:

  • 1 китка свеж рузмарин, се собираат ливчињата и ситно се сецкаат
  • 10 квалитени мали филети од инчуни во масло, исцедени и грубо исецкани
  • Сок од 1 лимон
  • Екстра вирџин маслиново масло
  • Свежо мелен црн пипер

За лососот:

  • 4 x 200 грама лосос котлети
  • Маслиново масло
  • Морска сол
  • Свежо мелен црн пипер
  • 500 грама млада брокула

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200ºC, a потоа подгответе го сосот со инчуни и рузмарин. Истолчете го рузмаринот во толчинк додека не добиете паста. Додајте ги филетите од инчуни и толчете повторно додека пастата не стане темно зелена. Сега додајте го сокот од лимон, неколку лажички маслиново масло и малку бибер, и мешајте заедно додека не добиете сос со добра густина.
Земете големо, огноотпорно, нелепливо тавче за печење (загреано). Протријте ги филетите од лосос со маслиново масло, зачинете со сол и бибер и пржете ги во тавчето , со кожата надолу во трање од 2 минути. Завртете ги од другата страна и потоа печете во загреана рерна уште 3 до 4 минути, во зависност од дебелината на филетите.
Откако лососот ќе го ставите во рерна, ставете ја брокулата во вода која врие (посолена) 3 до 4 минути додека убаво не се свари.
За да проверите дали рибата е целосно печена можете да ги расечете филетите. Од портокалова лососот се претвара во непроѕирно розева, а токму тоа ви треба. Не ги препечувајте, бидејќи колку и да звучи едноставно, вашата задача е да ја испечете рибата со крцкав надворешен дел и мека внатрешност
Кога брокулата е готова, исцедете ја, Напрскајте ја малку со сосот од инчуни и рузмарин и поставете ја во чинијата. Ставете ја лосос филетата на врвот на секоја чинија и посипете ја со малку сос.

                                

Извор: www.jamieoliver.com

           

 

15 мин.
За 4 лица.

ПРЕДЛОГ РЕЦЕПТ

Печени (грил) котлети од ајкула

ЗАНИМЛИВОСТ

ЛИГЊА

Loligo vulgaris