ЗА МЕТРО АД

Метро а.д. е една од водечките компании во регионот специјализирана за производство, складирање и дистрибуција на замрзната риба и морски плодови. Во своето 20 годишно работење Метро а.д. преку своите брендови се наметна кај потрошувачите како прв избор кога е во прашање врвниот квалитет и вкусот на производите. Во соработка со своите партнери кои се водечки компании во светот за улов, производство и бродски транспорт на риба и морски плодови, Метро а.д. е секогаш присутна со своите производи во трговската мрежа во Р. Македонија и регионот.
Покрај големата понуда на замрзнатата морска храна, Метро а.д. во своето поле на работење вклучува и производи од замрзнато живинско месо, преработки од месо, природно ферментирани маслинки, маслиново масло, како и високо-квалитетен овчи кашкавал и сирење - произведени на традиционален начин.
Од брендовите кои секојдневно грижливо се испорачуваат на потрошувачите може да се издвојат: Метро, Ројал Гренланд, Перутнина Птуј, Равика, Ду и Алпина деј.


ПРОИЗВОДСТВО

Грижата за квалитетот на производите кои излегуваат од производствените погони на Метро а.д. е врвен приоритет на вработените кои со својата посветеност ја прават сигурна секоја точка од процесот. Целата производна активност на Метро а.д. се одвива во модерно опремен погон за чадење, конфекционирање и пакување на замрзната риба кој е сертифициран од страна на DNV-Холандија, во согласност со стандардите за квалитет и организација: ISO 9001:2008 и ISO 22000: 2005, а исто така е регистриран за извоз во трети земји. Производите на Метро а.д ги исполнуваат сите најстроги критериуми за квалитет и безбедност, а довербата на потрошувачите е најголема потврда за тоа.


КАПАЦИТЕТИ И ДИСТРИБУЦИЈА

Складирањето на производите се одвива во најсовремен ладилник со капацитет од 2500 тони, изграден и сертифициран според најсовремени стандарди кој е регистриран и за извоз во трети земји. Капацитетот и техничката опременост на ладилникот го гарантираат одржувањето на производите во соодветни услови кои во патот до крајните потрошувачи ја задржуваат својата првобитна свежина.
Дистрибуцијата на своите производи, МЕТРО а.д. ја извршува со сопствен возен парк екипиран со соодветни возила - ладилници со кои се гарантира кавалитетна и навремена дистрибуција на сите замрзнати и свежи производи. Токму навремената дистрибуција е еден од најважните причинители за богатата понуда на квалитетни производи во малопродажната мрежа.


ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

Одговарајќи на потребите на потрошувачите Метро а.д. секогаш настојува на создавање на вредности кои се долгорочно одржливи. За секој производ изложен на полиците нашиот тим напорно и посветено работи, постојано докажувајќи го врвниот квалитет на производите. Квалитет, вкус и посветеност е главното мото на тимот на Метро а.д. кој е и основна идеа во севкупно работење на компанијата, а тимската работа, високата стручност и професионалността на вработените се одлики кој преставуваат гаранција и за натамошно успешно работење.


ПРЕДЛОГ РЕЦЕПТ

Подпечена цела лигња со чили и нане

ЗАНИМЛИВОСТ

ХАЛИБУТ

Hippoglossus hippoglossus