Печена скуша со тиквички и салата од грав

Состојки:

  • 3 тиквички
  • 400 грама црн грав од конзерва, исцеден
  • 1 свежо црвено чили пиперче, со извадени семки и ситно исецкано
  • 1 мала китка свежо нане, се собираат листовите и ситно се сецкаат
  • 4 филети од скуша
  • Екстра вирџин маслиново масло
  • Морска сол
  • extra virgin olive oil
  • 1 лимон, преполовен


Подготовка:

Ставете го грил тавчето на оган за да се загрее добро. Користејќи ноже за лупење исечете ги тиквичките на убави тенки ленти.
Испечете ги лентите од тиквички во грил тавчето додека не омекнат и малку потемнат. Можете да ги печете во неколку серии доколку тавчето не ви е доволно големо за да ги собере сите наднаш. Бидејќи се многу тенки не грижете се околу вртењето. Кога ќе бидат готови ставете ги во сад и додајте го гравот, чилито и нането.
Протријте ги филетите од скуша со маслиново масло и потоа зачините со сол и бибер. Печете ги со кожата надолу околу 3 минути додека кожата не стане златна и крцкава. Превртете ги и печете уште 2 минути.
Пропрскајте ги тиквичките и гравот со исцеден сок од половина лимон и маслиново масло и зачинете со сол и бибер.
Сервирајте ги филетите од скуша со салатата и исцедете малку лимонов сок преку јадењето.

 


Извор: www.jamieoliver.com

         

 

15 мин.
За 2 лица.

потребно:

Папалини

ПРЕДЛОГ РЕЦЕПТ

Печена скуша со тиквички и салата од грав

ЗАНИМЛИВОСТ

ХАЛИБУТ

Hippoglossus hippoglossus